Cankut Taşdan
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите седум дена, во продолжение на антитерористичките акции, турските безбедносни сили неутрализираа 70 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека турските сили од 26. јуни досега, во земјата извршиле вкупно 774 антитерористички акции.
За време на тие акции се убиени најмалку 55, а фатени се или се предале уште 15 терористи, воглавно припадници на терористичката организација ПКК.
Во југоисточните турски области Дијарбакир, Сирт, Бинѓол и Хакќари, турските сили уништија седум терористички засолништа, а запленети се поголеми количини оружје, експлозив и дрога.
Полицијата во повеќе области во Турција приведе 252 лица кои се товарат за поддршка на терористите на ПКК, потоа 15 се осомничени за поврзаност со терористите на ДЕАШ, а во рамките на продолжението на борбата против ФЕТО, од слобода се лишени 269 осомничени лица.