Barış Gündoğan
22 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Турските сили неутрализираа 10 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка за напад во зоната каде беше реализирана турската операција Извор на мирот во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека нема да дозволат терористичката организација ПКК/ЈПГ да ги нарушува мирот и безбедноста во оваа зона.
Се истакнува дека командосите кои се наоѓаат во ова подрачје неутрализирале 10 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ ки биле во подготовка за напад во оваа зона.