Handan Kazancı
17 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
АНКАРА
Турските безбедносните сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во антитерористички воздушни операции извршени во северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Двајца терористи на ПКК беа фатени во регионите Зап и Авасин во северен Ирак и неутрализирани во воздушни операции“, соопшти турското Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.