Aysu Biçer
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА
Индустриското производство во Турција во јули се зголеми за 8,4 отсто во однос на претходниот месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Турција денес соопшти дека во јули во индустрискиот сектор за производство на стока за употреба и продажба бил остварен рекорден раст од 8,6 отсто.
„Индексот на вадење руда и камен исто така е зголемен за 5,4 отсто, а индексот на снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се зголеми за 6,4 отсто во јули 2020 година“, се наведува во извештајот на ТуркСтат.
Паралелно со тоа, турската индустрија во јули оствари и раст од 4,4 отсто во однос на истиот период минатата година.
Додека вадењето руда и камен во јули оваа година имаше намалување од 4,9 отсто во однос на податоците од јули минатата година, во областа на производството е остварен раст од 5,1 отсто.
Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се зголеми за 1,4 отсто во однос на истиот период минатата година.