Hüsnü Aydın,Nurten Aslan
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
БАТМАН (AA) - Во терористичкиот напад, чија мета бил Вејси Ишик, градоначалник на општината Козлук, недалеку од Батман, во југоисточниот дел на Турција, загина 22-годишна учителка која се наоѓала во непосредна близина, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружениот напад на службеното возило, во кое во тие моменти не се наоѓал градоначалникот, го извел еден или група терористи на ПКК.
Меѓутоа, одбиените куршуми го погодиле возилото на учителката по музичко образование, кое во тие моменти се движело по тој пат.
Притоа учутелката е тешко ранета и итно префрлена во болница, но и покрај сите напори на докторите, таа им подлегнала на повредите.
Градоначалникот Ишик потврди дека станува збор за терористички напад кој го извеле припадниците на ПКК.