Satuk Buğra Kutlugün
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во Истанбул утринава го приведе телевизискиот проповедник Аднан Октар, кој е познат и како Харун Јахја, јавува Anadolu Agency (AA).
Постапувајќи по налогот на Обвинителството, полицијата исто така започна и операција за апсење на 235 лица кои се сомничат дека се поврзани со неговата криминална група.
„Октар се наоѓа на листата на барани издадена од Одделот за борба против финансискиот криминал на полицијата во областа“, велат безбедносни извори.
Криминалната група на Октар се товари за неколку кривични дела, вклучувајќи организиран криминал, сексуално злоупотребување деца, сексуален однос со малолетници, киднапирање малолетници, затајување данок и кршење на Законот против тероризам.
Операцијата се спроведува во пет области, од каде што многу осомничени се приведени.
Октар е сопственик на ТВ-каналот „A9“, во кој води емисии во кои, опкружен со старлети, дискутира за регионални и општествени прашања, вклучувајќи и верски вредности и начела.