Ekipa
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека проблемот во Венецуела може да се реши преку дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу одговораше на новинарски прашања по неговата средба со министерот за надворешни работи на Парагвај, Луис Алберто Кастиљони.
Во врска со посетата на американскиот претседател на Турција, Чавушоглу нагласи дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходно го посетил Трамп во Белата куќа и го поканил во Турција.
Чавушоглу рече дека двете земји не се согласуваат за секое прашање, но според него, двајцата претседатели често реализираат телефонски разговори.
„Последниот телефонски разговор беше реализиран во позитивна атмосфера, а на неа стана збор за сите теми. Нашиот почитуван претседател го покани Трамп во нашата земја“, додаде тој.
Чавушоглу потсети дека Трамп во јуни ќе ги посети Велика Британија и Франција по повод годишнината на Битката за Нормандија.
„Истакнаа дека еден месец потоа сакаат да реализираат посеофатна официјална посета на Турција. Сѐ уште не е определен конечниот датум. Во наредниот период ќе се определи датумот“, истакна Чавушоглу.
Тој се осврна и на случувањата во Венецуела, и рече дека последните случувања во оваа земја не ја загрижуваат само Турција, туку го загрижуваат целиот свет.
„Дури и земјите кои ги прекинаа дипломатските односи со администрацијата на Венецуела, како и земјите во регионот, не ја поддржуваат воената интервенција во Венецуела. Спротивно, велат дека се против ваква интервенција. Надворешна интервенција или воена интервенција ќе ја пролева крвта на венецуелскиот народ. Сите земји го имаат истото мислење. Присилна промена на администрацијата однадвор би ја довела Венецуела во хаос, дури и во граѓанска војна. Тоа ќе биде катастрофа не само за Венецуела, туку и за регионот“, нагласи тој.
Чавушоглу нагласи дека како принцип Турција е против државни удари, како и против воена и надворешна интервенција, и дека проблемот во Венецуела може да се реши преку дијалог.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, е отворен за дијалог, и дека тоа им го пренеле на нивните колеги од Латинска Америка и САД.
„Проблемот во Венецуела може да се реши преку дијалог“, додаде Чавушоглу.