Fatjon Cuka
14 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) – Албанскиот парламент на вчерашната седница со 102 гласа за, 10 против и 1 возджан го усвои законот за „заштита на националните малцинства во Република Албанија”, јавува Anadolu Agency (AA).
Според усвоениот закон, националните малцинства во Албанија се македонското малцинство, грчкото, влашкото, ромското, египетско, црногорско, бошњачко, српско и бугарско малцинство.
Сега и официално секој граѓанин има право да ја искаже својата припадност во национално малцинство врз основа на правото на самоидентификација, во согласност со одредбите од Законот за општ попис на населението на Република Албанија и во случаите предвидени со овој закон
Исто така, законот предвидува дека граѓаните коишто им припаѓаат на националните малцинства имаат право да го учат јазикот на малцинството, во согласност со овој закон и релевантно законодавство во областа на образованието.
Во текот на вчерашното седница, исто така се дискутираше и за предлог-нацрт „за формирање на специјална парламентарна комисија за изборните реформи”, кој беше усвоен од Парламентот со 116 гласови.
Комисијата ќе подготви пакет амандмани на Изборниот законик.