Furkan Naci Top
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поднесе оставка по расправата која започна во грчката Влада во врска со прашањето за името со Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на грчката Влада се вели дека премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ја прифатил неговата оставка, и упатил благодарност до него за неговата 3,5-годишна функција како министер.
Според ова соопштение, отсега грчкиот премиер ќе ги води сите напори во врска со Договорот од Преспа постигнат со Македонија во врска со името.
Во вестите на грчките медиуми се наведува дека за време на вчерашната владина седница настанала остра расправа во врска со Договорот со Македонија меѓу грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос и министерот за надворешни работи, Коѕијас.
Според овие вести, Каменос го обвинил Коѕијас дека е „човек“ на Џорџ Сорос, американски милијардер со потекло од Унгарија, и дека погрешно ги водел фондовите на Министерството.
Во овие вести се вели дека Коѕиас се налутил поради тоа што Ципрас не стоел зад него против овие обвинувања и се обидел да ја смири расправата. Каменос, кој е против Договорот со Македонија, истакна дека нема да ја поддржи Владата околу ова прашање.
Тој минатата недела за време на посетата на Вашингтон истакна дека доставил план како алтернатива за Договорот за името постигнат со Македонија. Овој потег на Каменос привлече реакции од бројни владини претставници од Сириза, пред сѐ од Коѕијас.
Се вели дека е можно да падне Владата, во случај Коѕијас, член на Сириза, која е составена од обединување на левичарски партии, како и од други пратеници кои заеднички дејствуваат, да ја повлечат нивната поддршка.
Потсетувме, владите на Република Македонија и Република Грција, во јуни оваа година, во Преспа го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој, Република Македонија треба го смени своето име во Република Северна Македонија.