Haydar Toprakçı
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ТУНЏЕЛИ (АА) - Во хеликоптерската нереќа која се случи во руралниот дел на градот Пулумур, во турската источна област Тунџели, животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека по 10 минути од полетувањето на полицискиот хеликоптер „Сикорски” во 11.40 часот од градот Пулумур е изгубена врската со него.
Истиот извор наведува дека се пронајдени остатоците од урнатиот хеликоптер во кој наоѓаа 7 полициски службеници, 1 судија, 1 подофицер и 3 членови на екипажот.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубија сите 12 лица кои се наоѓаа во хеликоптерот.