Emel Öz Gözellik
04 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Астрономите открија сателит надвор од Сончевиот систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од Универзитетот „Колумбија“ во САД, соопштија дека како резултат на истражувањата извршени со вселенскиот телескоп Кеплер, а потоа и со Хабл, откриен е сателит надвор од Сончевиот систем. Сателитот која има димензии на Нептун или Уран, е откриен на оддалеченост од Земјата од 8.000 светлосни години.
Астрономите Дејвид Кипинг и Алекс Тичи во врска со нивното откритие истакнаа дека овој сателит надвор од Сончевиот систем е сателитот на планетата Kepler-1625b која беше претходно откриена.
Двајцата научници велат дека ќе вршат пошироки истражувања за да го разберат планетарниот систем надвор од Сончевиот систем.
Деталите од откритието се објавени во списанието „Science Advances“.
Астрономите досега откриле над 3.500 планети надвор од Сончевиот систем.