Burak Bir
19 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Австралија денеска го забележа својот најтопол ден, при што температурите се искачија до 41,9 степени Целзиусови, се соопштува од австралиското Биро за метеорологија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претходно прогнозерите го прогласија вчерашниот ден за најтопол ден, во кој што живата на термометарот достигна 40,9 степени Целзиусови.
Земјата исто така се бори и со катастрофални пожари.
„Австралија е место каде што температурите се екстремно високи, а стануваат сѐ повеќе екстремни“, изјави за АА, Глен Клатовски, заменик-шеф на глобалното климатско движење „350 Австралија“.
„Постојат повеќе фактори за овој топлотен бран од Индискиот Океан Дипол и Индексот на јужна осцилација и други“, рече тој, додавајќи дека климатските промени ги засилуваат овие фактори.
Искажувајќи зголемена загриженост во врска со бегалците од климатските промени, тој рече дека има десетици градови во земјата каде што има недостиг на вода и дека Владата размислува за евакуација.
„Австралија сега доживува што значи затоплувањето од еден степен“, изјави Клатовски.