Nilay Kar
16 Август 2019•Ажурирај: 17 Август 2019
КАРТУМ (AA) – „Поплавите предизикани од обилните врнежи од дожд во последните две недели во Судан однесоа најмалку 46 животи“, соопштија во четвртокот здравствените функционери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сулејман Абдел Џаба, потсекретар на Министерството за здравство на Судан, додаде дека обилните дождови, а потоа и поплавите, зафатија 16 од 18 судански држави.
Истакна дека е утврдено дека со поплавите се погодени дури 9.260 домови, од кои 595 се потполно уништени.