Barış Seçkin
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
РИМ
Италијанскиот премиер Марио Драги истакна дека неговата влада е подготвена уште еднаш да интервенира за да го ограничи влијанието од растот на цените на енергијата, особено врз сиромашните, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор на конференцијата „Бизнисот и енергијата за одржлива транзиција“, Драги се осврна на еколошката трансформација и зголемувањето на цените на енергијата.
Наведувајќи дека еколошката трансформација е важна и во однос на предизвиците со кои се соочува Италија, премиерот Драги рече дека она што денес изгледа невозможно ќе биде можно утре и дека треба да бидат отворени за сè, вклучително и за иновации.
Зборувајќи за растот на цените на енергијата, премиерот Драги нагласи: „Одвоивме 1,2 милијарди евра во јуни и повеќе од 3 милијарди евра во септември за помош на сиромашните семејства, особено со спречување на поскапувањата на краток рок. (2022) Ние интервенираме и во законот за буџет (2022 година) и сме подготвени да го продолжиме тоа, посветувајќи посебно внимание на најсиромашните групи на општеството.“
Според денес објавените податоците на италијанскиот Национален институт за статистика (ISTAT) за ноември, во врска со ефектот на цените на енергијата во земјата, во октомври инфлацијата изнесувала 3 отсто, а во ноември таа се искачи на 3,8 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 13 години.