Zehra Nur Düz
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Во експлозијата која во вторникот одекна во Бејрут, во Либан, загинаа 135 лица, соопшти министерот за здравство Хамад Хасан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хасан рече дека околу 5.000 лица се повредени, а и понатаму трагат за десетици исчезнати.
Пожарот во складиштето со оружје во пристаништето Бејрут предизвика силна експлозија вчера, а како последица на детонацијата предизвикана е значителна штета на многу објекти и возила.
Претседателот на Либан Мишел Аун, смета дека амонијак-нитрат е причина на експлозијата што доведе до рушење на трикатна зграда, а експлозијата се слушна во многу делови од градот.
Врховниот совет за одбрана на Либан, го прогласи Бејрут за град погоден од катастрофа, а воведена е вонредна состојба во градот во траење од две недели.
Вчерашната експлозија ја продлабочи тешката состојба во земјата, која веќе со месеци се соочува со економска криза и политичка поларизација.