Murat Başoğlu
09 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Управата на Суецкиот Канал денес успешно го одблокира бродот кој се насука во водениот тек во близина на градот Ал Кантара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„„Глори“ е одглавен од реморкерите на Управата на Суецкиот Канал. Дваесет и еден брод што се движат кон југ ќе го започнат/продолжат својот транзит“, објави бродската компанија „Лет ејџенсис“ на Твитер.
„Се очекуваат само мали доцнења“, додаваат од компанијата.
Претходно денес, „Лет ејџенсис“ соопшти дека бродот „Глори“ се насукал во каналот и дека реморкерите на Управата на каналот се обидуваат да го одблокираат бродот.
Генералот-полковник Осама Рабие, одговорен за Управата на Суецкиот Канал, за телевизијата „Ал-Арабија“ изјави дека инцидентот не влијаел на сообраќајот низ водениот пат.
„Инцидентот е предизвикан од технички дефект на бродот“, рече Рабие.
„Навигацијата низ каналот не беше нарушена од дефектот и истата ќе се врати во нормала за краток временски период“, додаде тој, јави новинскиот канал Каиро.