Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре ќе престојува во официјална посета на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу од 31 август до 1 септември 2021 година ќе биде во официјална посета на Србија, на покана на неговиот српски колега Никола Селаковиќ“, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи.
„За време на посетата ќе бидат разгледани сите аспекти на нашите билатерални односи, чекорите за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Турција и Србија и актуелните случувања во регионот, како и меѓународните прашања“, се нагласува во соопштението.
За време на посетата, се планира Чавушоглу да биде примен од страна на српскиот претседател, претседателот на Парламентот и српската премиерка.
„По повод посетата, ќе се одржи и свечено отворање на турскиот Генерален конзулат во Нови Пазар“, се додава во соопштението.