Ekip
06 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ГЛАЗГОВ
Конференцијата на Обединетите нации КОП26, што се одржува во Глазгов, не успеа и тоа не е тајна, изјави шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на илјадниците луѓе што го исполнија Плоштадот „Џорџ“ во Глазгов, Тунберг рече дека КОП26 се претворил во „ПР настан“, на кој се држат прекрасни говори и најавуваат обврски и цели, а владите на „северните земји“ сѐ уште „одбиваат да се позанимаваат со климатските активности“.
Опишувајќи ја Конференцијата на ОН за климатските промени како „двонеделна прослава на вообичаениот бизнис, Тунберг подвлече дека на светот му е потребно „итно решавање на годишната емисија на гасови“.
Тунберг рече дека на светот „не му се потребни никакви необврзувачки ветувања“.
Повеќе од 25.000 делегати од 200 земји учествуваат на конференцијата во Глазгов, што ќе трае до 12 ноември, со организирање бројни панели, состаноци и придружни настани, а сите ќе бараат решение за намалување на нивото на глобалното затоплување.