Sena Güler
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АБУЏА
Сите 15 спасени турски морнари стигнаа под строго обезбедување во зградата на турската амбасада во Абуџа, главниот град на Нигерија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот амбасадор Мелих Улуерен и другите функционери ги дочекаа морнарите кои беа ослободени во петокот, а кои беа киднапирани откако нивниот брод го заземаа пирати.
По доаѓањето во амбасадата во главниот град Абуџа, морнарите телефонски разговараа со своите семејства.
„Многу сме среќни што ги гледаме нашите граѓани меѓу нас во добро здравје", рече амбсадорот Улуерен во изјава за АА.
„Се е во ред. На членовите на семејството во Турција им кажав дека не треба да бидат тажни и дека ќе се вратиме во земјата наскоро", рече Месут Мерал.
Капетанот на бродот Мустафа Каја рече дека неговата посада е слободна по 21 ден и дека се радуваат на повторната средба со семејствата.
Во пиратскиот напад на 23 јануари,15 од 19 морнари од бродот Моцарт под либериско знаме се киднапирани. Државјанин на Азербејџан е убиен во нападот.
По нападот, бродот беше закотвен во пристаништето Порт Жантил, но само со тројца слободни членови на посадата. Тие се префрлени во Турција на 30 јануари.