Hanife Sevinç,Berk Özkan,Kaan Bozdoğan
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека досега во Турција во работен однос вклучиле 384.000 лица со попреченост, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, по повод Меѓународниот ден на лица со попреченост зборуваше на церемонијата во Истанбул на која се претставени 750 наставници, лица со попреченост кои добиле работа во областа на образованието.
„Со денешното именување на 750 наставници, во периодот на нашите влади назначивме вкупно 63.087 наставници кои се лица со попреченост. Кога дојдовме на власт во 2002 година, таа бројка беше само 5.777. Оваа бројка најдобро зборува кој ги поддржува лицата со попреченост“, рече Ердоган, додавајќи:
„Верувам дека нашите наставници со попреченост, од кои секој е голема успешна приказна, не само што ќе ги воспитуваат нашите деца на најдобар начин, туку и ќе ги инспирираат со нивната борба да ги надминат пречките.
Ердоган понатаму изјави дека на Турција ѝ го донеле најсеопфатниот светски систем за социјално осигурување, во кој никој од граѓаните не е изоставен.
„Немаме ниту едно лице со попреченост да чека ред во јавните центри за згрижување и рехабилитација. Досега имаме вработено вкупно 384.000 наши браќа со попреченост преку стимулативни политики“, рече турскиот претседател Ердоган.